Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ - Скопје

Самоодредувањето значи дека секој човек има право на свое мислење, свои ставови и верувања. Секој човек има право на избор и донесување на одлуки за својот живот.

 

Самоодредувањето ги опфаќа следниве теми:

  • самозастапување

  • вработување

  • здравство

  • стареење

  • независно живење.

Самоодреден човек е човек кој:

  • носи свои одлуки

  • поставува цели во животот

  • зборува во свое име

  • превзема контрола над сопствениот живот

  • учи како да превземе одговорност за своите дела и одлуки

  • ги следи своите желби и интереси

  • придонесува во заедницата во која живее.

За повеќе информации и времето кога се одржуваат состаноците за самозастапување јавете се на 2467-551

02/2467-551

Ул. Владимир Комаров 33/1-2, Скопје